ОБРАСЦИ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
ЈП Градски паркинг – Скопје нуди поволности за различни категории корисници на јавните паркиралишта

 Од образецот  БАРАЊЕ-ДОГОВОР  (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!): 

1. Станар

  • Потребни документи: важечка лична карта, возачка дозвола, сообраќајна дозвола.
  • Возилото мора да е регистрирано на адресата што гравитира кон аплицираното паркиралиште.
  • Еден стан – две возила.

2. Вработен кај правен субјект

  • Потребни документи: лична карта, возачка и сообраќајна дозвола, потврда за постојан работен однос, М-1/М-2 и тековна состојба од Централен регистар.
  • Аплицираат лица чиј правен субјект е лоциран во зоната на аплицираното паркиралиште.

3. Правен субјект

  • Потребни документи: сообраќајни дозволи, тековна состојба од Централен регистар, меморандум со листа на возила.
  • Право на користење има секој правен субјект со потреба за паркинг.

4. Физичко лице

  • Потребни документи: важечка лична карта, сообраќајна дозвола.
  • Право на користење има секое физичко лице со потреба за паркинг.

5. Лица со попреченост

  • Потребни документи: лична карта, сообраќајна дозвола, решение за телесно оштетување (ПИОМ), лекарски наод и потврда од матичен лекар, членска книшка, пополнет образец Барање- Договор. 
  • Бесплатна картичка за лица со утврдено оштетување (список со специфични дијагнози и проценти на оштетување).

Гостинска карта

Активирање најдоцна еден ден пред користење.

За гости на повластени корисници (станари) во зоните А, Б, Ц и Д.

За да се стекнете со гостинска карта потребно да го пополните пропишаниот образец (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!), да го доставите во кол центрите и да ја уплатите потребната сум според ценовникот на услуги на ЈПГП.