ОБРАСЦИ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
ЈП Градски паркинг – Скопје нуди поволности за различни категории корисници на јавните паркиралишта
Од образецот БАРАЊЕ-ДОГОВОР (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!):
1. Станар
- Потребни документи: важечка лична карта, возачка дозвола, сообраќајна дозвола.
- Возилото мора да е регистрирано на адресата што гравитира кон аплицираното паркиралиште.
- Еден стан – две возила.
2. Вработен кај правен субјект
- Потребни документи: лична карта, возачка и сообраќајна дозвола, потврда за постојан работен однос, М-1/М-2 и тековна состојба од Централен регистар.
- Аплицираат лица чиј правен субјект е лоциран во зоната на аплицираното паркиралиште.
3. Правен субјект
- Потребни документи: сообраќајни дозволи, тековна состојба од Централен регистар, меморандум со листа на возила.
- Право на користење има секој правен субјект со потреба за паркинг.
4. Физичко лице
- Потребни документи: важечка лична карта, сообраќајна дозвола.
- Право на користење има секое физичко лице со потреба за паркинг.
5. Лица со попреченост
- Потребни документи: лична карта, сообраќајна дозвола, решение за телесно оштетување (ПИОМ), лекарски наод и потврда од матичен лекар, членска книшка, пополнет образец Барање- Договор.
- Бесплатна картичка за лица со утврдено оштетување (список со специфични дијагнози и проценти на оштетување).
Гостинска карта
Активирање најдоцна еден ден пред користење.
За гости на повластени корисници (станари) во зоните А, Б, Ц и Д.
За да се стекнете со гостинска карта потребно да го пополните пропишаниот образец (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!), да го доставите во кол центрите и да ја уплатите потребната сум според ценовникот на услуги на ЈПГП.
