Јавни Паркиралишта
Јавните паркиралишта се паркириралишта од затворен тип каде влезот и излезот на паркинг просторот се регулираат со влезно-излезен систем за наплата т.е рампи. Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје стопанисува со 12 јавни паркиралишта од овој тип, со вкупно 1782 паркинг места, од кои 22 се наменети за лица со посебни потреби. Паркиралиштата се организирани во 4(четири) зони според степенот на ограничување и локацијата на паркиралиштето, т.е оддалеченоста од централното градски подрачје и тоа:
1. Прв степен на ограничување
2. Втор степен на ограничување
3. Трет сепен на ограничување
4. Четврт степен на оганичување
*За детален опис на секое паркиралиште кликнете тука.
** Напомена! Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје не сноси одговорност за направени штети врз возилата на корисниците од страна на други лици. Со таа цел Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје им напоменува на своите корисници да не оставаат вредни предмети на видливо место во нивните автомобили.
Зонско паркирање
На 24.08.2009 година, Јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје воведе зонско паркирање со цел подобрување на мобилноста и непрекинато циркулирање во сообраќајот. Зоните се означени за полесно наоѓање слободни паркинг места и намалување на метежот.
Начини на плаќање:
Можност за плаќање за повеќе возила и прецизно одредување на зоната преку GPS.
- Преку СМС:
Испрати порака на 144 144 со име на зона, празно место и регистрација на возило.
За завршување на паркирањето, испрати „S“.
Цената е согласно тарифата на мобилниот оператор, и важи само за македонски броеви.
- Со билет за паркирање (гребка):
Купи билет од најблиското продажно место.
Изгреби датум и време, постави го на ветробранско стакло.
Мора да биде видливо, во спротивно следат санкции.
- Со QR код:
Скенирај го кодот на табли на влез/излез за внесување време, возило и плаќање.
- Преку мобилна апликација Parking.Mk:
Достапна за Android и iOS.
Катна гаража
Катните гаражи во центарот на Скопје обезбедуваат јавен паркинг простор за граѓаните и за објектите во близина.
Главни објекти:
- Катна гаража „26ти Јули“
- Прво јавно паркиралиште од ваков тип.
- 445 паркинг места (17 за лица со попреченост).
- Лоцирана на местото на стариот цветен пазар, блиску до Музеј на Град Скопје.
- Паркирање без временско ограничување, прифатливи цени.
- Катна гаража „Беко“
- Лоцирана на ул. Даме Груев бр.14, во строгиот центар, близу ТЦЦ Плаза.
- 605 паркинг места (16 за лица со попреченост, 3 за родители со мали деца).
- Паркирање на 6 надземни и 2 подземни нивоа.
- Влез и излез преку подземни улици; движење по катови преку спирална рампа.
ПОВОЛНОСТИ:
- Постојат намалени цени и поволности според категорија на корисник (правен субјект, вработен или физичко лице) преку пополнување на форма „Барање – Договор“.
Ценовник:
- За детали за цените на услугите што се достапни кликнете тука.
