ИСТОРИЈАТ

Град Скопје, со цел да ја реши проблематиката со паркирањето и да ја олесни мобилноста во градот, донесе одлука за основање на Јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје. Претпријатието, основано на 13.10.2003 година, врши дејности од јавен интерес и помага граѓаните и посетителите лесно да најдат слободно паркинг место, со што се намалуваат и опасностите во сообраќајот.

ОРГАНИЗАЦИЈА

Органи на управување на Ј.П. Градски паркинг – Скопје:

  • Директор: Го именува и разрешува Градоначалникот на Град Скопје. В.Д. Директор е Мартин Гаврилски.
  • Управен одбор: Се состои од 12 членови, ги именува и разрешува Советот на Град Скопје. Мандатот трае 4 години со право на уште еден последователен мандат.
  • Надзорен одбор: Го контролира материјално-финансиското работење, се состои од 5 членови, именувани и разрешувани од Советот на Град Скопје. Мандатот е 4 години со право на уште еден последователен мандат.

ФАКТИ

Вкупен број на објекти: 16 (10 затворени паркиралишта, 4 зони со 34 подзони за зонско паркирање, 2 катни гаражи).

Вкупен број на паркинг места: 9.719

  • Затворени паркиралишта: 1.983 места (36 за лица со посебни потреби)
  • Зонско паркирање: 6.686 места (72 за лица со посебни потреби)
  • Катни гаражи: 1.050 места (33 за лица со посебни потреби)